Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска за „Топ тема“ изјави дека е предложено разрешување на Мојсовски и се бара одговорност за поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт.
„Предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт. Ги покажавме причините за оваа одлука и тие се јасни. Одговорното лице не менаџирало добро со буџетските средства иако има законски обврски за тоа. Уште лани му покажавме што му треба и што му недостига за да го поправи.
Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја за нешто. Финансиски извештај нема, тој е само наративен напишан и ревизијата утврдила дека не ги содржи потребните детали. Како да добив, потрошив и толку“, вели Ивановска.
Таа додаде дека ревизорскиот извештај треба да биде референтна точка за работењето на една институција.