Фудбалерите Сампдорија славеа со 2:1 на гостувањето кај Реџана во 17. коло од италијанската Серија Б, а самиот натпревар беше одбележан од Андреа Пирло.
Имено, по самиот дуел, во изјава што ја даде за италијанските медиуми, Пирло победата му ја посвети на починатиот Синиша Михајловиќ.
– Тоа беше убава победа, остварена на тежок терен. Продолживме со успешни игри. Добро пристапивме на играта и добро ги менаџиравме ситуациите, освен во последните минути, задоволни сме. Очекувавме гол од Де Лука и конечно стигна денеска: се ослободи од товарот, сега ќе има уште многу да покаже – изјави Пирло и додаде:
– Игравме за Синиша Михајловиќ, тој беше пример за сите, и на теренот и надвор од него: со оваа победа се сеќаваме на него со големо задоволство. Инаку, голот го постигна Касами, кој има слична градба како него и е левак. Навивачите се секогаш со нас, беа и денеска. Сега имаме уште два натпревари пред паузата: тие треба да ни дадат поттик да одиме во 2024 година со поголема енергија.
Да потсетиме, овој 16 декември се наврши една година од смртта на фудбалската легенда Синиша Михајловиќ.