Разводот на Кевин Костнер и неговата сопруга дојде до изненадувачки крај. Поранешната двојка постигна спогодба, одлучувајќи според нивниот предбрачен договор.
Крајот го опишуваат како шокантен бидејќи до неодамна беснееше правната војна меѓу поранешните сопружници, а крајот не се ни наѕираше.
Правната битка ненадејно заврши откако беше објавено дека на поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, ќе и’ бидат исплатени повеќе од 400.000 долари за правни трошоци.
Адвокатите на Кевин Костнер добија низа правни битки, што доведе до спогодба. Неговата адвокатка Лаура Васер неодамна доставила документи до судот во кои се наведува дека актерот на поранешната сопруга ќе и’ плаќа 63.000 долари месечно за издршка, пишува TMZ.
Поранешната сопруга на Костнер побарала алиментација од 248.000 долари месечно, а потоа го променила барањето, а судијата во Санта Барбара пресудил во корист на Кевин Костнер на почетокот на овој месец.
„Дејли мејл“ минатата недела објави дека на Кристин и’ биле платени судските трошоци. По одлуката на судот за издршката, најавен е нов спор околу тоа дали сè уште може да се применуваат одредбите од предбрачниот договор.
Поранешната сопруга на Кевин Костнер барала актерот да и’ плати 855.000 долари, колку што е проценетата цена на нејзиниот адвокатски тим.
Таа исто така побарала 575.000 долари да им бидат исплатени на адвокатите и уште 280.000 долари на друг член од нејзиниот тим, со што вкупните трошоци ќе достигнат 1,2 милиони долари, пишува Дејли Мејл.