Видео играта, која несомнено е една од најпопуларните во последните којзнае колку години, си го најде своето место меѓу ѕидините на Ватикан.
Сега има две копии од Baldur’s Gate 3 во Ватикан и тие активно се играат, објави директорот на студиото Ларијан на Твитер.
„Во Ватикан се продадени два примерока од Baldur’s Gate 3, а уште еден примерок е на листата на желби“, објави Мајкл Даус.
„Би сакал да мислам дека ова е само Папата што чека да има слободно време. Би сакал да ја видам нивната листа со модови“, хумористично додаде Даус.
Sold 2 copies of Baldur’s Gate 3 in The Vatican, with 1 wishlist. I’d like to think the latter is just the Pope waiting until he has a free minute. Wish I could see their mod list. Bet it’s absolutely gnarly.
— Very AFK (@Cromwelp) November 11, 2024
Можеби „две копии“ не звучат како многу, но треба да се потсетиме што всушност е Ватикан – оградена територија во Рим што е суверен ентитет и седиште на Католичката црква. Има околу 764 жители, од кои половината не живеат таму, а нешто повеќе од 100 се Папската швајцарска гарда.
Се разбира, постои можност членовите на гореспоменатата швајцарска гарда всушност да уживаат во оваа видео игра, но сепак е чудно кога мислите дека оваа титула некогаш се сметала за богохулна – доволно е да се каже дека е можно да се има секс со мечка, а да не зборуваме за разни други можности.