Првиот тим на Реал Мадрид со нови автомобили ќе пристигне на стадионот „Ванда Метрополитано“ на дербито против Атлетико, бидејќи сите првотимци на кралскиот клуб добија нови автомобили на БМВ како подарок.
Ова е трета сезона во која БМВ ќе го спонзорира мадридскиот клуб, а играчите на Реал можеа да избираат помеѓу пет различни модели, iX2, iX, i5 и 7 меѓу 100 отсто електричните модели како и XM меѓу хибридните модели.
Најскапите модели ги избраа Лукас Васкез и Винисиус Јуниор, поточно BMW i7 M70 xDrive вреден 186.650 евра и кој располага со 659 коњски сили. Килијан Мбапе и Џуд Белингам го избраа BMW XM, кој вреди 179.000 евра и има 653 коњски сили.
Истиот модел го избраа и легендарниот хрватски играч за врска Лука Модриќ како и Родриго, Дани Карвахал, Тибо Куртоа, Дани Себаљос, Давид Алаба и Фран Гарсија.
Арда Гулер, Брахим Дијаз и Едер Милитао го избраа моделот BMW i7 xDrive 60 кој располага со 544 коњски сили и вреди 139.550 евра, а Андриј Лунин, Феде Валверде, Едуардо Камавинга и тренерот Карло Анчелоти го избраа BMW i5 M60 xDrive1 во вредност од 114.450 евра.
Ендрик и Ферланд Менди беа наградени со BMW iX xDrive50 вреден 108.650 евра, кој има 523 коњски сили, додека Хесус Ваљехо избра BMW i5 xDrive 40 вреден 79.500 евра и кој има 394 коњски сили.
Најскромни во изборот на автомобили беа Антонио Рудигер и Аурелиен Чоамени кои го избраа BMW iX2 xDrive30 вреден 58.550 евра, кој има 313 коњски сили.
BMW and Real Madrid 🤍 pic.twitter.com/1VdKp3qvzq
— st.Cheda✝️🦍 (@GreatCheda) September 26, 2024