Ако некој не ја знае Тара Кирк, ќе ја запознае сега.
Започна Премиер лигата во фудбал и јасно е дека сите погледи се насочени кон највозбудливата лига во светот, но натпреварувањето започна и во четвртиот ранг во Англија, и тоа во женскиот фудбал. Иако е далеку од очите на јавноста, една дама сепак заслужи да влезе во „окото“, а тоа е Тара Кирк.
Во првиот натпревар од четвртата лига во Англија, екипата на Питерборо славеше против Ворчестер Сити со 4:0, а првите два гола ги постигна Тара Кирк, дама која мами со својот изглед.
Тара Кирк се огласи и преку својот профил на социјалната мрежа Х.
– Нова сезона, но истата јас – напишала Тара кратко, а кога таа објава станала вирална коментарите го преплавиле нејзиниот профил.
Тара е позната и на Инстаграм, каде што ја следат околу 40.000 луѓе и каде не се двоуми да го покаже своето неверојатно тело.