Идеално освежување за топлите летни денови: Подгответе сок од нане

Доколку барате освежување за време на топлите летни денови, сокот од нане е идеалниот пијалок за консумирање.

Потребно е: 300 грама свежо нане, три кесички со лимонада, три литри вода и три килограми шеќер.

Подготовка

Свежото нане измијте го со ладна вода, па ситно исечкајте го. Потоа измешајте го со пет лажици шеќер и сок од лимон и убаво изгмечете го со раце.

Прелијте со три литри вода и оставете да отстои 24 часа. После тоа, процедете го сокот преку газа и додадете шеќер.

Оставете го повторно да отстои 24 часа за да се раствори шеќерот. Повремено мешајте го. Истурете го во стаклени шишиња. Пред сервирање, разредете го со вода.