Познатите идентични близначки , Ана и Луси Дечинка, прават сè заедно, што вклучува облекување во иста облека, одење во тоалет во исто време, а сега се надеваат дека ќе основаат семејство додека ќе останат синхронизирани.
Сестрите се во полигамна врска и го делат вереникот Бен Бирн една со друга, што значи дека нивните деца практично ќе бидат полубраќа и сестри и први братучеди. Ова исто така би го направило Бен татко и вујко на децата на двете жени.
Ана и Луси се ѕвезди на шоуто „Екстремни сестри“ на TLC и ги документираа нивните обиди да забременат изминатава година, а сега почнаа да ги носат куклите со себе кога ќе излезат од дома.
Во шоуто, триото се отвори за нивните проблеми со бременоста и зошто почнале да носат кукли во јавност. Слично на близнаците, и куклите се облечени идентично, а на овој начин Ана и Луси се обидуваат да добијат чувство за мајчинството и одговорноста што тоа ја носи.
– Нашиот сон е да забремениме во исто време – им порачаа на продуцентите на шоуто „Екстремни сестри“.
И покрај нивните маки, тие се возбудени поради можноста да забременат во исто време и за прв пат изјавија дека сакаат да станат родители во 2021 година.
-Никогаш досега не сме направиле тест за бременост. Навистина е магично како едно стапче може да потврди дека сте бремени – рекоа тие.
Инаку, сестрите имаат по 35 години и дури сега одлучија дека сакаат деца.
– За малку ќе доживеав срцев удар бидејќи мислев дека Ана може да биде бремена, но јас не бев. Подобро да бидеме и двете бремени отколку само една – изјавила Луси.
– Дефинитивно ќе биде предизвик да започнеме и двете во исто време. И тоа е голем притисок за еден маж“, рече Бен.
Бен се забавува со овие сестри од 2012 година , но полигамијата не е легална во Австралија, така што тие не можат официјално да се венчаат. И покрај тоа, тој сепак се сврши со двете близнаци во мај 2022 година, пренесува Mirror.