– Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле напади во јужен Либан, вклучувајќи ги Аит ал Шаб и Рамие, како и други области како одговор на нападите на либанската милитантна група Хезболах во северен Израел.
ИДФ соопшти дека нападите со борбени авиони, тенкови и артилерија биле насочени кон инфраструктурата на Хезболах што се користела за напади врз Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
ИДФ посочува дека бил погоден воен комплекс на Хезболах, потоа ќелија на таа група која се подготвувала да изврши напад со противтенковски ракетен напад, како и друга ќелија која претходно истрелала проектили кон Израелците.
Хезболах денеска истрела околу 50 ракети и проектили врз Израел и лансираше две беспилотни летала.