Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу дел од пратениците.
Инцидентот се случи меѓу лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата во вербална расправија влегоа пратеникот Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
Апасиев извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство.
Интервенираше и собраниското обезбедување на повик на собранискиот спикер.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да не прерасне вербалниот инцидент во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и да даде 10-минутна пауза.