Татко од Франција ги пронашол своите три деца избодени до смрт во семејната куќа.
Неименуваниот татко синоќа ги пронашол своите деца – две момчиња на возраст од 2 и 11 години и едно девојче (13) – мртви во нивната куќа во Таненг, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија, објави британски „Дејли мејл“.
Мајката на жената (45), за која локалните медиуми објавија дека боледувала од депресија, моментално е исчезната и се смета за главен осомничен за трагедијата.
„Ле Паризиен“ објави дека во моментов по неа трагаат 60 полицајци, со поддршка на хеликоптери и нуркачки тимови.
Француската полиција во моментов ги испрашува роднините на семејството.