Движењето „Европа сега“ во Парламентот на Црна Гора ќе има 24 пратеници, а коалицијата околу Демократската партија на социјалистите 21, покажаа прелиминарните резултати во Центарот за демократска транзиција, врз основа на 100 % од отворентие кутии.
Движењето „Европа сега“ во новиот состав на Парламентот на Црна Гора ќе има 24 пратеници, а коалицијата „Заедно“ собрана околу Демократската партија на социјалистите 21, покажаа прелиминарните резултати во Центарот за демократска транзиција, врз основа на 100 % од обработените избирачки места.
Коалицијата „За иднината на Црна Гора“ освои 14 мандати, коалицијата на Демократите и Граѓанското движење УРА освои 12, а Бошњачката партија 6 мандати во црногорскиот Парламент кој брои 81 пратеничко место.
Албанскиот форум ќе има двајца претставници во Парламентот, а Албанската алијанса и Хрватската граѓанска иницијатива по еден.
Под цензусот останаа Социјалдемократската партија, коалицијата на Социјалистичката народна партија и Демос, Движењето „Правда за сите“, Народната коалиција, Пресврт, Движењето за промени и Граѓанското движење „Ние можеме“.
На вонредните парламентарни избори во Црна Гора гласаа околу 305.760 избирачи, што изнесува 56,4 % од гласачкото тело на оваа земја.