Изборната кампања за претседателските избори од 4 до 22 април, за парламентарните од 18 април до 6 мај

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот  што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за претседател на државата трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите. Собирањето потписи за претседателските избори започнува 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Додека, пак, кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за претседател ДИК ќе ја одржи најдоцна на најдоцна на 28 март.

Изборната кампања за парламентарните избори, пак, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес ќе можат да се објавуваат најдоцна на 2 мај до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.