Избор на партнер во  глобалното општество (Фото)

Семејството е заедница во  која што членовите меѓусебно се крвно поврзани. Ова е класичната дефиниција дадена од страна на теоретичарите. Но под семејство се подразбира и заедница во која што живеат мажот, жената и децата или пак момче и девојка. Вo таа заедница се случуваат среќни(брак и  раѓање на прво дете) и тажни моменти(смрт и болест) каде што многу е важно членовите меѓусебно да даваат  и да примаат  подршка. Во традиционалните општества бракот бил склучуван за да се задоволат политичките и имотните интереси. Изборот на партнерот го извршувале родителите и се вели дека во тој период бракот се склучувал со едно семејство како целина, а не со поединец(партнерот). Младите немале право на избор и поради тоа морале пасивно да го прифатат изборот што е направен од страна на нивните родители. Во традиционалните општества целото внимание било насочено кон таткото, децата уште од мали години биле воспитувани да го слушаат таткото, со малку зборови тој бил авторитет, односно глава на семејството.  Стројниците се пример за тоа  како што бил случајот со нашата држава, за разлика во модерното општество каде што секој индивидуално се развива со нечија друга мала помош и самостојно си го избира својот партнер или партнерка.

Изборот на партнер или партнерка во модерното или глобалното општество се одвива на еден поинаков начин. Младите денеска во едно вакво општество самостојно си го избираат својот партнер, или пак одлучуваат да живеат како еден вид на пробен брак во кои што формираат потомства и потоа стапуваат во брак, а некои воопшто не стапуваат во брак. Денеска живееме во модерно општество во кое што секој има право на избор и слобода, општество кое што полека одговара на трендовите ширум светот, а тоа се истополовите бракови и да признаеш дека имаш партнер од ист пол. Ваквите бракови се секогаш етикетирани посебно во транзициските земји, тоа се земји во кои што не се доволно развиени. Во овие земји поединците кои што се со партнер со ист пол ќе бидат омаловажувани, навредувани од страна на останатото население. Истополовите бракови се легализирани во: Холандија Белгија, Шпанија, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Данска, Франција, Велика Британија , Луксембург, Ирска, Финска, Малта, Германија и Австрија. Сиве овие држави се земји членки на Европска унија освен Велика Британија. Ова се земји кои што економски се развиени, пред се демократски во кои што луѓето имаат слобода на избор и  добри услови за живот.     

Таа слобода која што денеска е присутна, во традиционалниот период не постоела. Ќерката која што требала да стапи во брак била контролирана од страна на мајката. Во тој период се случувале фестивали и тогаш единствено ќерката имала шанса да запознае партнер но под будно око на мајката или нејзините браќа. Во однос на разводот мажот бил тој кој што можел да бара развод од жената, а жената не можела освен во одредени случаеви. Децата биле во многу критична положба во тие периоди. Нивните родители ги  давале своите деца  на доилки посебно аристократите. Стапката на смртноста на новороденчињата е зголемена. Сево ова се менува со појавата на глобализацијата, урбанизацијата и индустријализацијата: самостоен избор на партнер, взаемна одлука на партнерите за развод,  децата биле доени од страна на нивните мајки, родителите ги викале мамо и тато, шиење на посебна облека за децата и отворање на првите продавници за детски играчки и друго.

Како заклучок од горе наведениот текст можам да кажам дека се зависи во какво општество живееме и во зависнот од тоа ни се нудат  и можностите и условите за живот.  Денеска бидејќи живееме во едно модерно и глобализирано  општество цените за тие услови кои што ни ги носи животот секојдневно се зголемуваат посебно за време на една ваква светска пандемија. Голем процент од населението го изгубија своето работно место поради економската криза со која се соочи нашата држава. Со малку зборови глобализацијата влија  и врз изборот на партнер. Глобализацијата направи да голем дел од паровите да се запознаат преку социјалните мрежи за разлика од порано каде што запознавањето одело преку пријателите. Ова ни укажува на тоа низ какви промени и предизвици се има соочено едно семејство само за да одговори на еден светски предизвик,  а тоа е глобализацијата.