– Во Пробиштип се одржа четвртата по ред манифестација „Избираме спортист на годината“. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информираше дека во присуство на голем број спортисти и спортски работници, со титулата спортист на годината се закитија две спортистки, едната каратистка, другата одбојкарка, Бојана Пешович и Теа Зарева.
– За најдобри спортски клубови на 2022 година беа прогласени ОК „Весна Пробиштип“ и КК „Вадо Карате ДОО Унија“. На Мелани Панова, кошарка, Матеј Трајчев, фудбал, Михаил Томев, карате и Филип Гоцев, фудбал се додели награда Млади надежни спортисти. Рагби клубот „Рудар“ се закити со титулата надежен спортски клуб. Младите одбојкари од ОК „Весна Пробиштип“ добија награда за постигнатиот успех, прво место – пионери во државата. На нашите сограѓани Глигор Велков – Голе, сега покоен, фудбал, Димче Ѓорѓиев, кошарка и Панче Пановски кошарка им беше дадена златна плакета за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Пробиштип. На каратистот Чедомир Саздовски и атлетичарот Ѓорѓи Вучков, кои се со потекло од Пробиштип, а сега живеат во Скопје, им беше дадена златна плакета за Трајни вредности во спортот, вели Анастасов.
Награди добија и номинираните спортисти за категоријата спортист кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип и тоа Даниел Божиновски, фудбал, Филип Савовски, одбојка, Мила Радевска, кошарка и Катерина Поп Димитровска, кошарка. Со истата награда се закитија и спортистите кои се натпреваруваат во општина Пробиштип, а беа номинирани за Спортист на годината, Марио Атанасовски, фудбал, Ангела Ангеловска, кошарка и Тоше Ефремов, одбојка.