Избувнаа пожари; Над 3.500 луѓе беа евакуирани, бројот на загинати се зголеми ФОТО

Бројот на жртви од пожарот во северозападна Турција се искачи на четири откако двајца пожарникари им подлегнаа на повредите во локалната болница, објавија денес локалните медиуми.

Огромни пожари околу Бурса , четвртиот најголем град во Турција , избувнаа во текот на викендот, што доведе до евакуација на повеќе од 3.500 луѓе од нивните домови, а невообичаено високите температури, сувиот воздух и силните ветрови го поттикнаа ширењето на пожарите и во Турција и во другите делови од Источниот Медитеран.

„Турските пожарникари се бореа со најмалку 44 одделни пожари во неделата “, изјави турскиот министер за шумарство Ибрахим Џумакли, објави Асошиејтед Прес.

Тој идентификуваше два пожари во покраината Бурса, како и пожарите во Карабук, во северозападна Турција, и Кахраманмараш на југ, како најсериозни.