Извештајот за Северна Македонија изгласан во ЕП: Tермините идентитет и македонски јазик се отстранети

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денес го одобри Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од специјалниот известувач Томас Вајц.

Ова е првиот извештај за напредокот на земјата на нејзиниот европски пат во последните три години.

Зборовите што директно се однесуваат на „македонскиот јазик и идентитет“ беа отстранети од конечната верзија.

Европратениците Анджеј Халицки, Кетлин Ван Бремпт и Ден Барна поднесоа писмени амандмани за бришење на референците за јазикот и идентитетот во Извештајот. Еден од нивните амандмани, за кој се гласаше прв, беше усвоен со 458 гласови „за“, 109 „против“ и 118 „воздржани“.

Делот „со целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет“ во став 3 е избришан.

Нацрт-извештајот за напредокот на земјата на патот кон ЕУ предизвика тензии во Бугарија околу македонскиот јазик и идентитет.

Македонија аплицираше за членство во март 2004 година, а доби статус на земја-членка во декември 2005 година.