Извештајот за обдукцијата на 14-годишната Вања Ѓорчевска сè уште не е завршен и доставен до Обвинителството, потврдија од Обвинителството.
Додаваат дека има постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.
Деталите од анализите и истрагите кои се вршат не се соопштуваат во интерес на истрагата за смртта на Вања Горчевска која е во тек.
– Во моментов се истражуваат дејствијата на сите инволвирани страни, при што секојдневно се собираат и споредуваат вербални и материјални докази. Државното обвинителство апелира до јавноста да не се шират непроверени информации во текот на истрагата, бидејќи тоа може да ѝ наштети на постапката и непотребно да ја вознемирува јавноста – соопштија од Обвинителството.
Да потсетиме, телото на Вања Горчевска беше пронајдено минатата недела по седумдневна потрага.
Групата предводена од Љупчо Палевски Палчо е осомничена за нејзиното киднапирање и убиство , а се претпоставува дека е вмешан и нејзиниот татко.
Според хрватските новинари, нејзиниот татко Александар се распрашувал за камерите во блиска околина пред да биде киднапирана.