Во извештајот од увидот стои дека училиштето не располага со релевантна документација за причините за отсуството на Коста К.
Момчето Коста Кецмановиќ, кое на 3 мај изврши масакр во Белград имало над 200 изостаноци од училиште за една година.
Тој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, а српски медиум пишува дека имал 204 изостаноци. Како што дознава порталот Republika.rs, она што е чудно е што родителите дозволувале толкваво отсуство од училиште.
Во првото полугодие од учебната 2022/23 година имал 20 работни дена оправдани со лекарска потврда, а осум работни дена по родителска оправданост. Српските закони предивидуваат дека може да се оправдаат само три дена кога детето отсуствува од училиште.
Момчето уби 10 луѓе, девет соученици и еден возрасен човек, чувар во училиштето. Момчето убиец е во психијатриска установа. По овој масакр, имаше уште еден во Младеновац и Смедерево. Него го изврши момче кое имаше 20 години.