– И покрај зголемената свест на потрошувачите, корпоративното внимание и регулатива, светот генерира рекордна количина пластичен отпад за една употреба, според нов извештај објавен денеска.
Како што пренесе ДПА, дополнителни шест милиони метрички тони отпад беа генерирани во 2021 година во споредба со 2019 година – главно од суровини базирани на фосилни горива.
Во 2021 година е создаден рекорд од 139 милиони метрички тони пластичен отпад за еднократна употреба, се вели во вториот Индекс на производители на пластичен отпад, составен од филантропската фондација Миндеру.
Емисиите на стакленички гасови од пластика за еднократна употреба во 2021 година беа еквивалентни на вкупните емисии на Британија, 460 милиони тони еквивалент на CO2.
Најголем дел од емисиите се произведуваат од нафтената и гасната и петрохемиската индустрија во „горниот“ дел од животниот циклус, се вели во извештајот. Механичкото рециклирање ги намалува емисиите за најмалку 30 до 40 проценти во споредба со производството на полимери од фосилни горива со избегнување на „горните“ емисии.
Топ 20 листата на петрохемиски компании кои произведуваат девствени полимери врзани за пластика за еднократна употреба останува ефективно непроменета.
Ендрју Форест, основачот на Миндеру, ги опиша наодите како „шокантни“.
– Потребен ни е фундаментално поинаков пристап, кој ќе ја затвори славината за ново производство на пластика. Потребна ни е „премиум полимер“ за секој килограм пластичен полимер направен од фосилно гориво“, додаде Форест, кој е и главен извршен директор на гигантот за железна руда „Фортескју метали“.