ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ – ПСЖ имаше среќа, Манчестер Сити го доби најлесниот противник, а најинтересно ќе биде во Неапол и Барселона

По завршувањето на групната фаза од Лигата на шампионите, беа извлечени и двојките од осминафиналето на елитното европско натпреварување.

Ждрепката се одржа во Нион и ветува интересни дуели.

Париз Сен Жермен имаше среќа и ги избегна некои од најсилните тимови од шеширот со фаворизираните тимови и ќе игра против Реал Сосиедад.

Дефинитивно можеме да кажеме дека Копенхаген немаше среќа, за разлика од Манчестер Сити, кој исто така можеше да налета на ривалите од Истанбул и противникот од финалето од минатата сезона – Интер.

Тимот од Милано ќе има тешка задача против Атлетико Мадрид, а особено интересна ќе биде пресметката меѓу Наполи и Барселона, шампионите на Италија и Шпанија и двата тима кои ја одбележаа кариерата на Диего Марадона.

Лига на шампиони – двојки од осминафиналето:

Порто – Арсенал

Наполи – Барселона

ПСЖ – Реал Сосједад

Интер – Атлетико Мадрид

ПСВ – Борусија Дортмунд

Лацио – Баерн Минхен

Копенхаген – Манчестер Сити

Лајпциг – Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер, Џон Тери, помогна во извлекувањето на паровите.

Лига на шампионифудбал