Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ: “Претседателот на Собранието да не го злоупотребува деловникот, потребни предвремени парламентарни избори“

Првиот заклучок на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за сплотеноста на пратеничката група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се против уставните измени, а втората тема на која разговаравме е апел до претседателот на Собранието да не го злоупотребува деловникот. Третиот заклучок е дека за излезот од ваквата состојба потребни се предвремени парламентарни избори во текот на оваа година“, информираше пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој вечерва изјави дека за време на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која е во тек, се разговарало за актуелната политичка состојба, поврзана со предложените владини уставни измени во Собранието.

Извршниот комитет даде голема благодарност и поддршка за сплотеноста на пратечничката група и на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои што покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктат од официјална Софија“, кажа Антонио Милошоски.

Тој додаде дека втората тема на која разговарале е апел и барање до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој, како што потенцираше Антонио Милошоски, е на таа позиција за да овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката и се допаѓа на власта или не и се допаѓа.

Излезот од оваа ситуација, според Антонио Милошоски, би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа, посочи, би требало да се договори со консензус.

Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДСМ и ДУИ. Третата работа која што сметаме дека е политички исправна и потребна за Македонија во овој момент е заклучокот на Извршниот комитет дека оваа власт ја делегитимирана. Легитиметот на СДСМ и ДУИ не само во однос на уставните измени, но исто така во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството е целосно нарушена. Не нудат решенија, создаваат повеќе проблеми и затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година“, вели Антонио Милошоски.

Тој напомена дека сите политички партии во најкус можен рок треба да ги направат потребните измени и дополнувања на Изборниот законик.

Да одиме на избори, за да може граѓаните кои го носат суверенитетот да ја донесат одлуката за решенијата за ваквата проблематична состојба во која што власта ја донесе Македонија. Нашите следни чекори во насока на ова барање ќе ги продолжиме и во Собранието, но и на други места, и со сите демократски алатки да се обидеме да предизвикаме предвремени парламентарни избори. Тоа не треба да е процес на надгласување. тоа треба да е процес на заедничка согласност во која што сите политички и стопански фактори би требало да дадат поддршка да одиме на избори“, порача Антонио Милошоски.

Прашан кои се следните чекори на партијата, Антонио Милошоски одговори дека ќе се понуди програма за излез од политичката и економската криза во која што власта ја донесе државата.

На прашање дали има начин во овие моменти да се продолжи собраниската седница, тој потенцираше дека прекинување на седницата е неделовнички и оти треба веднаш да се гласа за да се види дека волјата на народот е испочитувана и нема мнозинство на пратеници кои би поддржале уставни измени под диктата на офијална Софија

Антонио МилошоскиВМРО-ДПМНЕМакедонијаполитика