Извршен директор на технолошка компанија го загуби животот додека славеше со вработените во својата компанија.
Санџај Шах, директор на компанијата Вистекс со седиште во САД, планирал голем „перформанс“ во железен кафез, кој бил поврзан со синџири и се спуштал од висина од десетици метри.
Во еден момент се чини дека еден од синџирите што го држеле кафезот, во кој се наоѓал Шах, се откинал и милионерот паднал на подот и починал, пренесува Телеграф.
Страшниот настан се случил во средата кога оваа компанија го прославувала својот јубилеј во Хајдерабад, Индија, каде нивниот директор го загубил животот пред очите на вработените.
Санџај беше придружуван од неговиот колега Раџу Датла, кои беа ставени во кафезот што требаше полека да се спушти на земја.
Меѓутоа, во одреден момент ланецот се скрши и Санџај повеќе од четири метри удри директно на бетонскиот под.
И покрај тоа што Санџај и Раџу беа пренесени на лекување во болница, Шах не ги преживеа повредите здобиени за време на хируршката интервенција.
Во тешка состојба останува и неговиот колега.
🚨US Tech Boss Plunges 15ft To His Death During Company’s Anniversary Party
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 21, 2024
Sanjay Shah, CEO of Vistex, fell to his death after a cable holding up the iron cage he was performing in snapped. pic.twitter.com/5WPBsxZDwZ