Изгореа неколку милиони евра во Марибор: Дури 200 пожарникари го гаснеа пожарот

Голем пожар синоќа избувна во фабрика за преработка на пластика кај Марибор . Го изгаснале 200 пожарникари , по два часа успеале да го локализираат, а по пет часа целосно го изгаснале.

Според досегашните информации нема повредени, а материјалната штета се проценува на неколку милиони евра.

Причината за пожарот се уште е под истрага.

Командантот на мариборските пожарникари Примож Осојник синоќа објасни дека се запалила шаторска хала во која се чувале пластични производи, а пожарот зафатил површина од 9.600 метри квадратни.