Изгоре автомобил на автопатот Скопје-Тетово

Автомобил се запали на автопатот Скопје – Тетово, на влезот во Тетово.

Неофицијално се дознава дека возилото во моментот кога се запалило било во движење.

Се сомнева дека пожарот настанал поради дефект.

Пожарникарите се на терен, но евидентирана е само материјална штета.