Изгоре локомотива на “Македонски железници“ кај Велес

Локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ се запалила попладнето во близина на железничката станица во Велес. Од ЦУК информираа дека интервенирале противпожарни екипи кои се уште се на терен, а железничкиот сообраќај на пругата е во прекин. Во пожарот нема повредени лица.

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска од ЈП Македонски железници‘ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица ‘Рајко Жинзифов‘ и Велес се запалила локомотива од товарен воз. Притоа машиновозачот  ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни апарати. Според последната информација, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај“, се наведува во известувањето од ЦУК.

Се очекува комисија од МЖ да излезе и да изврши увид, по што би требало повторно да биде воспоставен железничкиот сообраќај.

ВелесМакедонијапожар