Поранешната Мис Универзум повторно ја скокотка машката имагинација!
Оливија Кулпо (30), поранешна Мис Универзум , неодамна беше запросена! Таа ќе се омажи за еден од најдобрите бекови во НФЛ , Кристијан Мекарфи, со кого е во врска четири години. Оливија докажа колку плени со своето последно издание, кое ретко која позната дама би можела да го извлече. Станува збор за провокативен фустан кој имаше исечоци „на сите страни“.
Оливија се појави на вечера во познат ресторан во Западен Холивуд и со насмевка ги поздрави многубројните папараци. Таа носеше бел фустан кој беше спој на елегантно и провокативно. Се протегала до подот, но има огромен шлиц од страна, поради што фотографите забележале дека Оливија не носи гаќички, ниту пак градник.
Со оваа комбинација, една од најубавите жени на светот искочи златни сандали и накит во иста боја, а косата ја врза во елегантна пунџа. Како и секогаш, и овие фотографии добија голем број позитивни реакции на мрежите. „Нема рамна“, „Толку природна и убава“, „Ова може да го носи само таа“, „Па таа знае само да го носи“, „Убава е“, ова се само дел од коментарите .
Да потсетиме, натпреварите за убавина и победата на Оливија на Мис Универзум 2012 ѝ го отворија патот на манекенството и таа сè уште е една од најбараните манекенки во светот, поради што често можеме да ја видиме на насловните страници на познати светски списанија. Погледнете некои од најубавите фотографии на Оливија Кулпо: