Мајката на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана, по националност е Хрватка, по потекло од Славонија, поточно градот Винковци. Нејзиниот татко и мајка се родени во Славонија, но во младоста и двајцата се преселиле во Белград, каде се венчале и каде е родена мајката на Новак.
– По националност сум Хрват и роден сум во Винковци. На истото место е родена и мојата поранешна сопруга, бабата на Новак. Таму се запознавме. Дојдов во Белград, а таа сè уште одеше на училиште, па се венчавме подоцна кога таа ми се придружи. Така се роди Дијана, па Санда. Секогаш велев дека сум Југословен или Хрват, никогаш не сум бил Србин. Дијана е родена во Белград и пораснала таму – изјавил еднаш дедото на Новак, Зденко Жагар.
– Нормално е дека ќе биде повеќе наклонет на Србите и немам ништо против тоа. Немаше да помине подобро во животот дури и да се претставуваше како Хрват. Никој не би го прифатил ниту тоа. Пред неколку месеци ме контактираше роднина која живее во Винковци да ме праша каде е родена Дијана. Значи, за ова се разговара и во Хрватска – изјави Зденко, кој извесно време не е во контакт со ќерката бидејќи тој и нејзината мајка се разделиле.
Ѓоковиќ важи за еден од најдобрите тенисери во историјата, а врвот неодамна го загуби од одличниот шпански тенисер Алкараз.