Принцот Хари сака да знае кој е одговорен за намалувањето на неговата полициска заштита додека е во Обединетото Кралство , покажуваат судските документи, откако вчера го загуби случајот против британската влада во Високиот суд во Лондон поради нејзината одлука да го промени нивото на неговата лична безбедност – обезбедување при посети на татковината. Се откриваат повеќе детали поврзани со неговата мајка принцезата Дијана.
Војводата од Сасекс, принцот Хари, потенцијално се соочува со огромна сметка за враќање на даночните обврзници за неговите правни трошоци, откако судијата рече дека не е докажано дека безбедносните намалувања се незаконски или неправедни.
Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи бидејќи повеќе не му беше овозможено исто ниво на заштита откако тој и неговата сопруга Меган Маркл се повлекоа и ја напуштија Британија во јануари 2020 година.
Во вчерашната судска одлука на 52 страници, беше објавено дека тој побарал да знае кој од владата е одговорен за одлуката, велејќи: „Би сакал да го знам името на тоа лице“.
Тој ги спореди опасностите со кои се соочува тој и неговото семејство со ризиците со кои се соочила неговата мајка, принцезата Дијана, пред да биде убиена во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година додека ја бркале папараците.
Принцот Хари рече дека верува оти е изложен на поголем ризик да биде повреден отколку неговата мајка поради „расизам и екстремизам“, откриваат документите на Високиот суд.
Војводата од Сасекс рече дека неговото семејство било ставено „во позиција која никому пред 23 години не би ја сакал доколку неговата мајка Дијана била на таа позиција“. Тој рече дека тоа се „дополнителни слоеви на расизам и екстремизам” и побара „некој да преземе одговорност“ за она што може да се случи со неговата сопруга Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лилибет.
Во документите стои и она што тој го смета за најголема закана за неговото семејство, но тоа не е откриено. Во досиејата се посочува и дека Ал Каеда сакала да го убие.
Американски експерт за приватна безбедност, кој работи со Хари, пред Високиот суд изјави дека Хари се чувствувал загрозен во 2021 година во западен Лондон кога платил за наградите Велчилд што ги промовираше вчера. Опасноста ја создале папараците кои го бркале, пишува Daily Mail.
Се вели дека пропустот бил направен кога неговата автоматска полициска заштита била повлечена по Самитот во Сандригам каде што се сретнал со Елизабета Втора за да разговара за Мегсит и потенцијалните други опции за него и Меган. На тој Самит беше одлучено дека е прифатливо славната двојка „половина од времето да работи на суд, а остатокот да биде ослободена од должности“.
Пирс Хари најавува жалба на одлуката на Високиот суд во Лондон.