Нови искри меѓу колициските владини партнери ЗНАМ и ВРЕДИ, овој пат поради изменетата методологија во балансерот.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, соопшти дека при секое наредно вработување во јавната администрација процентот ќе се вади според резултатите од последниот попис на насление, при што во игра влегува само резидентното население во државава, а е исклучено нерезидентното.
-Измената на процентите на балансер алатката исклучиво се направени согласно Законот за вработените во јавниот сектор кои претходно не бил испочитуван. Тоа значи дека во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во јавниот сектор, ќе биде вклучено само бројот на резидентното население во државата, а нерезидентно население е исклучено од пресметката на балансерот – рече Минчев.
Тој додаде дека во Министерството за јавна администрација се пристигнати околу 120 годишни планови за вработување на институциите од јавниот сектор.
-Од нив само пет се со позитивно мислење, додека останатите се вратени со укажување и забелешки по кои институциите треба да постапат. На институциите им се вратени на доработка годишните планови со цел да ги усогласат со коригираните податоци во ново вграденото решение во балансерот, согласно резидентното население на територијата на Република Северна Македонија, каде што разликата во процентите согласно последниот спроведен попис на територијата на Република Северна Македонија се: Македонци од 54,21 % на 58,44, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34%, на 2,53 %, Срби од 1,18% на 1,30 %, Власи од 0,44 % на 0,47 %, и Бошњаци од 0,87% на 0,87“ – изјави Минчев.
Оваа одлука ги налити колициските партнери од ВЛЕН.
– Очекувавме дека Министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација. Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои се уште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност – велат од ВЛЕН.
Ова е втор отворен јавен судир меѓу ЗНАМ и колициониот партнер ВРЕДИ, откако лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, посочи дека ќе излезат од коалцијата доколку министрите и јавни функционери од ВРЕДИ во своите канцеларии покрај албанското не го постават и македонското знаме.