Популарната пејачка Бијонсе (42 г.) моментално е на успешна турнеја „Renaissance“ од која направи мала пауза за да го прослави роденденот. Според TMZ, пејачката со семејството роденденот гп прославила во луксузното одморалиште The Brando во Франција.
Изнајмила синџир од 11 вили во кои биле сместени нејзиното семејство и пријателите, а главната вила во одморалиштето била дом на неа и нејзиниот сопруг Џеј Зи (53 г.).
Главната вила има четири соби и се изнајмува за приближно 20.000 долари од ноќ. Другите вили имаа една, две или три соби.
Според странските медиуми, прославата траела од 5. септември до 8. септември. На денот на нејзиниот роденден, 4. септември, Бијонсе имала концерт на кој присуствуваа околу 70.000 обожаватели.