Бразилскиот тенисер Тиаго Сејбот Вајлд во вторникот направи големо изненадување, во натпреварот од првото коло на Ролан Гарос, победи со 3-2 во сетови против рускиот тенисер Данило Медведев.
Тиаго Сејбот Вајлд, моментално рангиран на 172-то место во светот, а го победи вториот носител на парискиот Грен слем турнир со 7-6(5), 6-7(6), 2-6, 6-3, 6-4.
Иако Данило Медведев никогаш во кариерата не се чувствувал удобно на земјена подлога, овој резултат е големо изненадување, особено што во најавата на Ролан Гарос Данило Медведев го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим. Бразилецот ги помина квалификациите годинава во Париз, а против рускиот тенисер со форхенд постигна дури 47 директни поени.
Испадна и чешката тенисерка Барбора Крејчикова, која пред две години го подигна победничкиот пехар во Ролан Гарос. Украинката Лесија Чуренко беше подобра од неа со 6-2, 6-4.