Како што јави албанскиот весник од Косово „Ljajmu“, премиерот на Косово, Албин Курти денеска ненајавена ја посети населбата Брѓани во северниот дел на Косовска Митровица, а придружуван од голем број членовите на косовската полиција.
Како што пренесува порталот, оваа посета не била најавена во дневната агенда на Курти. Информацијата за неговата посета ја потврди и заменик директорот за северниот дел на Косово, Ветон Ељшани, но не даде дополнителни детали, пренесува „Кljan Kosovа“.
Причините за неговата посета на северот остануваат непознати, а владата во Приштина не соопштува ништо за тоа.