Израелската армија го уби политичкиот лидер на Хамас

Во израелски воздушен напад врз Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, е убиен политичкиот лидер на Хамас Салах ал-Бардавел, објавија Хамас и палестинските медиуми во раните утрински часови.

Медиумите кои го поддржуваат Хамас јавуваат дека Бардавел и неговата сопруга биле убиени во нападот.

Израел продолжи со значајните напади врз Газа во вторникот, обвинувајќи го Хамас и прекршувајќи го договорот за прекин на огнот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека главната цел на војната е да се уништи Хамас како воен и владејачки ентитет и да се принуди групата да ги предаде преостанатите заложници.

Шефот на де факто владата на Хамас Есам Аделес и шефот за внатрешна безбедност Махмуд Абу Ватфа беа меѓу загинатите во израелските напади во вторникот, заедно со неколку други официјални лица. Најмалку 400 луѓе беа убиени тој ден, од кои повеќе од половина беа жени и деца, соопштија палестинските здравствени власти.