Израелската Aрмија (ИДФ) на своите официјални социјални мрежи објави видео на кое се гледа првиот човек на Хамас, Јахја Синвар, лице кое се наоѓа на „листата за убиства“ на Израел.
Во кратката видео-снимка, ИДФ прикажа делови од говорите на Јахја Синвар во кои се споменува борбата на Хамас против Израел.
„Убиецот по кој трагаат израелските безбедносни служби Јахја Синвар е лидер на Хамас во Појасот Газа. Јахја Синвар е против дипломатските врски со Израел. За него геноцидот е единственото решение. Идеологијата на Хамас ги одразува намерите на ИСИЛ и Ал Каеда. Јахја Синвар активно работел на бројни напади на територијата на Израел“, наведе ИДФ.
Пред неколку дена портпаролот на израелската Армија зборуваше за Јахја Синвар и кажа дека ИДФ има специјална задача да го убие Јахја Синвар.
„Како де факто владетел на Појасот Газа, Јахја Синвар е највисокиот функционер на Хамас во Газа. Тој е најмоќниот лидер по Исмаил Ханије, а функцијата ја презеде во 2017 година“, пишува Business Insider.
Во 2015 година, американскиот Стејт департмент го прогласи Јахја Синварза терорист.
Израелските власти, и во опозицијата и во власта, го опишаа Јахја Синвар како „новото лице на злото“.
„Тој човек ни е на повидок. Тој е мртов човек кој оди, а ние ќе дојдеме до тој човек. Тој ја изгради својата кариера на убивање Палестинци кога сфати дека тие се соработници. Така стана познат како месарот на Кан Јунис“, изјави за New York Times потполковникот на израелската Армија Ричард Хехт.