Израелската Армија потврди: “Бегалскиот камп беше легитимна цел, ако треба повторно ќе го нападнеме!“

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Питер Лернер, денеска изјави дека израелскиот напад врз бегалскиот камп „Џабалија“ во Појасот Газа е воено неопходен и дека тоа е легитимна цел со оглед на тоа што командантот на Хамас е таму.

Според него, Питер Лернер повторно би го направил доколку му се укаже шанса.

Постои јасна воена потреба. Кога имате терорист, озлогласен терорист, опкружен со десетици негови поддржувачи, кои планираат да извршат повеќе напади, тогаш тие се легитимна цел“, истакна Питер Лернер.

Портпаролот на Хамас негираше дека Бијари бил таму, велејќи дека израелскиот напад е гнасно злосторство врз цивили, деца и жени.

Десетици луѓе загинаа во нападот на кампот „Џабалија“.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас