Израелската Армија претходната вечер ја потврди смртта на петмина заложници во Појасот Газа, соопшти воениот портпарол Даниел Хагари, додавајќи дека нивните семејства биле информирани.
„Во изминатите денови израелската Армија и полиција ги информираа семејствата на петте заложници за нивната смрт“, изјави Даниел Хагари.
„Смртта на заложниците е потврдена по истрага и врз основа на разузнавачки информации“, објасни портпаролот на брифингот за новинарите, пренесе медиумската агенцијата France Press.
Тој оцени дека благодарение на воената операција телото на еден од тие заложници било донесено во Израел.
Во Кибуц Нир Оз, кој беше тешко погоден од нападите на Хамас на 7. октомври, беше кажано дека тројца негови жители се меѓу загинатите, вклучувајќи го и најстариот заложник, 86-годишен маж.
Од почетокот на прекинот на огнот во војната меѓу Хамас и Израел на 24. ноември, ослободени се повеќе од 100 заложници.
Според израелските власти, во Појасот Газа сè уште се држат 115 возрасни мажи, 20 жени и две деца, пренесе AP News.