Вчера израелската армија ја разнесе главната зграда на Судот во Појасот Газа , позната како Палата на правдата, која се наоѓа во јужниот дел на градот Газа.
Израелската армија објави снимка на платформата X на која се гледа моментот кога војниците ја разнесоа целата седумкатна зграда, која беше свечено отворена во 2018 година. Радиото на израелската армија соопшти дека зградата се користела како судска зграда за палестинската група Хамас.
Изградбата на зградата беше финансирана од Катар, а од нејзиното отворање со неа управуваат Министерството за правда и Врховниот суд со седиште во Газа.
Од 7 октомври израелската армија уништи повеќе од 100 владини згради. Хамас, кој владее со Појасот Газа од 2007 година, претходно најави дека израелските власти се обидуваат да ги уништат сите аспекти на животот во Газа, вклучително и здравствените и урбаните услуги, како и други витални услуги за жителите на Газа.