Израелската Армија објави дека ги проширила копнените операции во Појасот Газа. Како што наведоа, за време на конфликтот со припадниците на Хамас била уништена инфраструктурата, како и елиминација на дел од припадниците на Хамас со поддршка на хеликоптери и беспилотни летала.
Во последните неколку часа израелската Армија уби четворица високи команданти на Хамас.
Според тие наводи, Џамил Баба, командантот на поморските сили на Централната бригада на Хамас, Мухамед Сафади, командантот на противтенковската бригада во баталјонот Туфах, Муваман Хиџази, важен оперативец во противтенковската единица на Хамас и Мухамед Авдала, висок оперативец во производниот сектор на Хамас, беа убиени.