Тринаесет Палестинци се повредени при упад на израелските војници во кампот Нур ал-Шамс, во северниот дел на Тулкарим, на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолија.
Според палестинската агенција ВАФА, израелските сили утрото го нападнале кампот Нур ал-Шамс во Тулкари и биле придружувани со булдожери.
Војниците ги затвориле влезовите и го опколиле кампот. Пукотници се слушале од улицата Наблус, на влезот во кампот, што беше опседнат со десетици воени возила.
Меѓу жителите од оваа област и израелската војска избила тепачка.
Палестинското Министерство за здравство наведе дека четворица Палестинци се повредени од боева муниција, a девет од гелери.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските војници не дозволиле медицински тимови да влезат во кампот за да им пружат помош на повредените Палестинци.
Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници соопшти дека израелските војници за време на рации во текот на ноќта уапсиле 11 Палестинци во градовите Наблус, Тулкарим, Џенин, Рамала, Хеброн и Витлеем.