– Израелската војска денес се повлече од делови на градот Газа и гувернератот Северна Газа првпат од почетокот на нејзината копнена офанзива на 27 октомври.
Воените возила целосно се повлекоа од населбите Ат-Тавам, Ал-Карама и улицата Рашид во западниот дел на гувернератот Северна Газа, јави дописникот на Анадолу.
Војската, исто така, се повлекла и од населбите Ал-Амн Ал-Аам, Ал-Мукавси, Разузнавачките кули, Бахлул и улицата Рашид во градот Газа, додаде дописникот.
Неколку жители за Анадолу изјавија дека успеале да дојдат до своите домови првпат од почетокот на копнената офанзива на Израел на 27 јануари.
Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври, во која досега загинаа најмалку 27.019 Палестинци, а повредени се 66.139. Се смета дека во нападот на Хамас загинале речиси 1.200 Израелци.
Според Обединетите нации, израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено, сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена.