Израелската војска тврди дека го пронашла телото на водачот на Хамас, Мохамед Синвар

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека во петокот пронашла тело за кое се верува дека е на Мохамед Синвар, кој е идентификуван како де факто лидер на палестинската милитантна група Хамас.

Во соопштението се вели дека телото е пронајдено во подземен комплекс под Европската болница во близина на Кан Јунис во јужна Газа. Телото наводно е пронајдено во тунелот, заедно со уште околу 10 други тела.

Израелските власти тврдат дека Синвар бил убиен во израелски воздушен напад на 13 мај во Кан Јунис.

Операцијата, спроведена заедно со Шин Бет (оп. а. израелска безбедносна агенција), беше насочена кон високи претставници на Хамас кои дејствуваат во подземниот команден и контролен центар.

„Армијата можеби употребила бомба за да уништи бункер во обид да го нападне Синвар во мај“, изјавиле одбранбени извори за „Џерусалим пост“.

По тој првичен напад, ИДФ наводно го нападнала подрачјето каде што наводно се наоѓал Синвар по втор пат, со цел да се спречи евакуацијата на жртвите, објави израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека воздушниот напад бил извршен со употреба на обемни разузнавачки мерки „со цел да се избегне штета меѓу цивилите“. Целта на командниот центар се наоѓал под Европската болница во Кан Јунис.