Еден Голан, израелската претставничка на овогодишниот Евросонг, се подготвува за отслужување на воениот рок во Израел.
Таа откри дека и покрај особено долгите нокти, по коишто е препознатлива подготвена е да ракува со оружје. „Можам сè со овие нокти! Апсолутно сè. Да ги мијам садовите, да си ставам ланче, обетки, па дури и да ракувам со оружје“, изјави Еден за израелските медиуми.
Потсетуваме, Голан првично требаше да настапува на Евросонгот со песната „October Rain“, но организаторите бараа од Израел да го смени текстот на песната, бидејќи процениле дека содржи политичка порака. Имено, последните три стихови од песната требале да бидат испеани на хебрејски јазик, а се однесувале на нападите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година.
Песната подоцна ја нарекле „Hurricane“, а според гласовите на жирито Израел заврши на дванаесеттото место на овогодишниот Евросонг со освоени 52 поени, меѓутоа публиката на Израел му додели 323 поени, така што на крајот Израел стаса до 375 поени и го освои петото место на Евросонгот.