Израелските научници велат дека говорната маана го зголемува ризикот од развој на дијабетес

Истражувачите во Израел пронајдоа врска помеѓу пелтечење и ризикот од дијабетес тип 2. Во резултатите од студијата објавена во ,,Дијабетес/Метаболизам Истражување и Прегледи”, тие открија дека тинејџерите на кои им е дијагностицирано пелтечење имаат зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2 во зрелоста.

Забележано е дека кај тинејџерките кои пелтечат, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е за 61 отсто поголем во споредба со нивните врсници без овој дефект во говорот. Кај момчињата тинејџери, ризикот е поголем за 18 проценти. Студијата опфати примерок од 866.304 испитаници.

Во Хрватска се регистрирани 395.058 лица со дијагноза на дијабетес, но се проценува дека вкупниот број на заболени од дијабетес е околу 700.000, бидејќи околу 40 отсто од лицата со дијабетес немаат дијагноза.

Повеќе од половина од пациентите имаат висок крвен притисок, а 85 проценти се со прекумерна тежина или дебели. Повеќето од симптомите не се видливи на почетокот на болеста, а најчести се жед и сува уста, нагло слабеење, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.

Околу 70 милиони луѓе во светот имаат проблеми со пелтечење, што е околу еден процент од населението. Дури пет проценти од децата минуваат низ фазата на пелтечење, која трае шест или повеќе месеци. Сè уште не се пронајдени точните причини за поврзаноста помеѓу пелтечење и дијабетес тип 2.