Опколувајќи ја Ал Акса, израелската полиција се качила на кровот од џамијата, скршила некои од прозорците и во почетокот интервенирала со звучни бомби врз верниците кои биле во објектот.
Израелските сили на полноќ изведоа рација во комплексот на џамијата Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим).
По оваа рација, изведена е уште една по утринската молитва (сабах намаз) на муслиманите.
Палестинците се обиделе да ја спречат полицијата да влезе, затворајќи ја вратата.
Опколувајќи ја Ал Акса, израелската полиција се качила на кровот од џамијата, скршила некои од прозорците и во почетокот интервенирала со звучни бомби врз верниците кои биле во објектот. Некои од присутните во џамијата се обиделе да ѝ се спротивстават на полицијата.
Израелската полиција потоа влегла во Ал Акса, користејќи звучни бомби, солзавец и гумени куршуми.
Верниците во џамијата биле тепани со гумени пендреци. Во текот на рацијата светиот храм бил претворен во „воена зона“.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека се повредени седум Палестинци.
Израелската полиција соопшти дека се приведени 200 Палестинци.
Комплексот Ал Акса, што се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ал Кудс, се наоѓа под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.