– Израелските сили денеска убија Палестинец за време на рација на Западниот Брег, изјави гувернерот на Ерихон Џихад Абу ал-Асал.
Тој рече дека палестинската жртва била погодена со куршуми во бегалскиот камп Акабат Џабер во централниот дел на Западниот Брег, каде во изминатите месеци има чести судири меѓу израелската армија и Палестинците.
Израелската армија ги потврди воените операции во областа и изјави дека двајца осомничени екстремисти се обиделе да побегнат, а војници отвориле оган и погодиле едно лице.
Палестинецот е убиен пред одбележувањето на Денот на сеќавање на паднатите војници и жртвите на екстремистичките напади, кој почнува денеска на зајдисонце, а утревечер ќе следи прославата на 75-годишнината од независноста на Израел.
Попладнево Израел ќе ги затвори Западниот Брег и Појасот Газа за сите Палестинци, освен за хуманитарни случаи.
Мерката се очекува да биде во сила до среда навечер.
Вообичаено е Израел да го ограничи движењето од палестинските територии за време на празниците како мерка на претпазливост.