Израелската армија (ИДФ) вчера уби палестинско момче (11), јужно од Хеброн на Западниот Брег, додека играло фудбал со своите пријатели во училишниот двор.
Како што објави новинската агенција Вафа, војниците отвориле оган врз група деца кои играле фудбал во дворот на локалното училиште во градот ал-Рихија, при што го убиле Мохамад Бахјат ал-Халак.
Момчето било застрелано во карлицата и итно префрлено во болница во критична состојба, каде што починало.
На прашање од „Тајмс оф Израел“, израелската армија изјави дека отворила оган врз „осомничените“ во областа Хеброн.
„Вчера, за време на оперативна активност во областа ал-Рихија, во Јудејската бригада, имаше немири и фрлање камења врз силите на ИДФ. Силите одговорија со оган кон осомничените кои фрлаа камења“, се наведува во одговорот.
Армијата не одговори на прашањето за 11-годишното палестинско момче.