Израелските војници извршија локални рации во Појасот Газа, објавија во петокот израелските одбранбени сили.
Израелските одбранбени сили соопштија дека пешадија и тенкови денеска влегле во Појасот Газа во „локализирани рации“ за да ја исчистат областа од потенцијалните терористи и да ги лоцираат исчезнатите Израелци.
Според војската, војниците скенирале и собрале различни наоди, „што може да помогне во напорите за лоцирање на исчезнатите“.
ИД соопшти дека војниците убиле и голем број терористи во областа, вклучително и ќелија на Хамас која лансираше противтенковски наведувани проектили кон Израел.
Најмалку 120 заложници се во Газа, соопшти армијата.
Ова може да значи почеток на копнена офанзива во Газа.
- Значителен број цивили од Газа почнаа да се движат кон југ за да се спасат – се вели во соопштението на израелската армија.
– Војниците бараа заложници и собираа докази кои ќе им помогнат да ги пронајдат затворениците – се вели во соопштението на ИД.
Армијата исто така соопшти дека уништила терористички ќелии и инфраструктура лоцирани во областа, вклучително и ќелија на Хамас која истрелала противтенковски проектили на израелска територија.
ИД соопшти дека продолжува со нападите врз цели на Хамас во Газа.