Израелско беспилотно летало, наводно, во вторникот нападнало канцеларија на Хамас во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, при што загинале четири лица.
Во инцидентот е убиен високиот функционер на Хамас, Салех Ал Арури, јави телевизијата Ал Манар на Хезболах, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.
Во меѓувреме, Хамас објави дека една од жртвите на нападот во јужен Бејрут во Либан во вторникот вечерта бил високиот функционер Салех Ал Арури.
Телевизијата Ал Акса на Хамас јави дека „заменик-претседателот на Политичкото биро на Хамас, маченикот водач Салех Ал Аури, загинал во предавнички воздушен напад на ционистите во Бејрут“.
Ал Арури се сметаше за еден од основачите на военото крило на групата, Бригадите Изад-Дин ал-Касам, и беше со седиште во Бејрут.
Saleh al-Arouri, the Deputy Chairman of the Hamas Political Bureau and Commander of the al-Qassam Brigade’s Military Operations for the West Bank has reportedly been Killed in a Decapitation Strike by Israel on the Lebanese Capital of Beirut. pic.twitter.com/s5am4UvmlB
— OSINTdefender (@sentdefender) January 2, 2024
Ал-Манар, исто така, рече дека се слушнала експлозија во близина на автопатот Хади Насралах во близина на патен јазол.
Тој не даде детали за експлозијата, која доаѓа еден ден пред говорот на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах.
🔴BREAKING: Explosion reported in Beirut in Hezbollah-run neighborhood, cause under investigation
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) January 2, 2024
📹- 27A pic.twitter.com/BLXET1Q6Fc
А сведок на Ројтерс рече дека експлозијата можеби била предизвикана од дрон што удрил на вториот кат од зграда во преполната населба.
BREAKING | A huge explosion has taken place in the suburbs of Beirut, Lebanon pic.twitter.com/IrLPaFtwYH
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) January 2, 2024
Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на почетокот на октомври.
Во израелските воздушни напади и гранатирање загинаа повеќе од 100 борци на Хезболах и неколку цивили, вклучувајќи деца, постари лица и некои новинари, според Хезболах и безбедносни извори.