На претставничката на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Еден Голан, наводно и’ било кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во Малме, градот каде што се одржува натпреварот.
Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави Јуронуз.
Таа пристигна во Малме овој викенд, co силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.
Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.
Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.
Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.
Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.